Здружението Конект во рамките на проектот „Општествена одговорност на претпријатијата во РМ“ објавува јавен повик за избор на 10 мали и средни претпријатија за доделување на експертска поддршка и менторство при подготовка на извештај за општествена одговорност на претпријатието.
Целта на повикот е да се селектираат мали и средни претпријатија кои веќе применуваат општествено одговорни практики во рамки на нивното работење на кои ќе им се додели експертска поддршка и менторство при подготовка на извештај за општествена одговорност на претпријатието.
Критериуми за селекција на претпријатијатијата се следни:
- претпријатието да е регистриран деловен субјект во Република Македонија;
- активно да врши дејност најмалку 2 години до крајниот рок на повикот;
- апликантот да припаѓа на категоријата мало или средно претпријатие;
- да спроведува општествено одговорни практики;
- да има јасно искажан интерес за известување во доменот на ООП.
За учество на повикот, заинтересираните претпријатија треба да поднесат:
- апликација за учество на повик;
- писмо за интерес во кое ќе ја објаснат мотивацијата за учество на повикот ;
- копија од решението за основање.
Преземи апликација за пријавување.
Ве молиме да ги доставите вашите пријави преку електронска пошта со забелешка: Пријава на јавен повик за доделување на експертска поддршка на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или по пошта (во затворен плик) со забелешка: Пријава на јавен повик за доделување на експертска поддршка на адреса: Здружение Конект, ул „Вељко Влаховиќ“ 22а-1/2, 1000 Скопје.
Пријавите се примаат најдоцна до 23-ти декември 2011 година, до 15:00 часот.






