Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Здружението Конект имаат чест да ви упатат покана за презентација на општествената одговорност на претпријатијата. Презентацијата ќе се одржи на 6 јуни 2012 г. (среда) во Клуб на новинари во Скопје, со почеток во 12 часот.

На присутните ќе им се обратат:

  • Митко Алексов, Извршен директор, Сојуз на стопански комори на Македонија;
  • Глигор Михаиловски, Македонска развојна фондација за претпријатија;
  • Александар Николов, Претседател, Национално координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија;
  • Претставници од бизниси со општествено одговорни практики: Фармахем, Некстсенс, Тинекс и Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Целта на настанот е да се презентира ООП во земјата, постоечката регулатива како и да се објасни нејзината примена во претпријатијата. Претприемачите и експерти, ќе дискутираат за тоа:

  • Што претставува општествената одговорност на претпријатијата (ООП)?
  • Која е законската рамка и досегашниот напредок за ООП во Македонија?
  • Како со одговорно работење може да се генерира добивка во работењето?
  • Кои се добрите локални и национални бизнис практики?

Презентацијата е дел од проектот “Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“, чиј носител е Министерството за економија на Република Македонија во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект.

Повеќе информации за настанот ќе најдете во Дневниот ред или кај Глигор Михаиловски, МРФП на тел. 02/3088-995.