Тематскиот форум „Добро за бизнисот, добро за животната средина“, кој ќе се одржи на 9 октомври 2012 г. (вторник) во хотел Порта, Скопје, ќе биде отворен од Абдилаќим Адеми, Министер за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.

На форумските сесии ќе учествуваат следните говорници: 

  • Тетјана Лазаревска, Извршен директор, Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП);
  • Методија Саздов, Претседател, Македонски зелен центар;
  • Микулаш Варгиц, правен експерт од ЕУ легислатива за животна средина;
  • Александар Николов, Претседател, Национално координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија;
  • Јадранка Иванова, раководител на сектор за ЕУ; Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија;
  • Владо Каровски, Раководител на сектор за стандарди, Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија;
  • претставници на наградени претпријатија кои ја заштитуваат животната средина: Експро, Пакомак, Адора инженеринг.

На форумот ќе бидат разгледани повеќе теми: 

  • Законската рамка за заштита на животната средина во Македонија и ЕУ и плановите за унапредување на истата, со фокус на бизнис секторот; 
  • Еко-етикетирање;
  • Промоција на успешни претприемачи со визија за профитабилен бизнис кој ја заштитува животната средина (пр.енергетска ефикасност);
  • Размена на искуства за тоа како и зошто „зелените“ бизниси може да генерираат профит;
  • Како да се информираат бизнисите, преку практични примери, дека одржливоста на животната средина е успешна долгорочна бизнис стратегија.

Тематскиот форум е дел од проектот ““Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“ (ООП во РМ), чиј носител е Министерството за економија на РМ, во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Здружението Конект. 

Форумот се одржува во соработка со Македонскиот зелен центар.

Повеќе информации за настанот.

Фејсбук страна (http://facebook.com/oopmk)

Контакт лице: Глигор Михаиловски, МРФП на тел. 02/3088-995.